Една третина од вкупниот број на хуманитарна помош во Појасот Газа била целосно блокирана од страна на Израел, пишува „Анадолу“.
Според Обединетите нации (ОН) ваквата мерка на Израел го продолжува циклусот на сиромаштија,глад и болести во палаестинската енклава.
Оттаму информираат дека од 1 до 11 август во Северниот дел на Газа биле блокирани 32 од вкупно 85 координирани хуманитарни мисии, а шест мисии биле целосно откажани поради логистички и безбедносно причини.
Во Јужниот дел на Газа, израелската армија спречила 36 од вкупно 122 хуманитарни мисии а 15 мисии биле целосно откажани.
Инаку, војната во Појасот Газа почна на 7 октомври минатата година. Според податоците на палестинското Министерство за здравство досега убиени се околу 39.929 Палестинци.
Повеќе од 9 месеци поголемиот дел од Газа е урнат а ситуацијата дополнително се влошува поради недостиг на храна, чиста вода и лекови. Според последните истражувања на агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), во Газа има 40.000 случаи на хепатитис.