Шпанскиот врховен суд ја потврдил пресудата од три и пол години затвор за раперот Хосе Мигел Аренас Белтран, познат под псевдонимот „Валтроник“, за песни кои го слават тероризмот, го навредуваат шпанското кралско семејство и се закануваат на шпански политичари со насилство.
Раперот во судскиот процес се бранел дека неговите текстови, во кои се слават терористички групи, се заштитени со законите за слобода на изразување, дека тој го изразува своето право на слобода на говор и дека рап песните имаат цел да бидат провокативни.
Судот ги отфрлил овие аргументи на Белтран и пресудил дека шпанските закони ги забрануваат таквите изразувања на мислења и ја потврди пресудата на националниот суд од три години и шест месеци затвор.
Раперот не е многу познат, но неговиот случај отвори дебата во Шпанија околу правото на слобода на говор.