Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се регистрирани 214 нови случаи на КОВИД-19 и тоа 94 во Скопје, 29 во Куманово, 19 во тетово, по седум во Прилеп и Виница, шест во Охрид, по пет во Велес, Кочани, Неготино и Свети Николе, четири во Струмица и Штип, по три во Битола, Кавадарци, Струга и Кичево, по два новозаразени се регистрирани во Радовиш и Богданци, додека по еден новозаразен е регистриран во Гевгелија, Ресен, Делчево, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод.
Од МЗ истотака информираат дека во последното деноноќие се пријавени вкупно 36 починати лица. 11 се пријавени во Скопје, пет се пријавени во Битола, три починати лица се пријавени во Куманово. По две починати лица се пријавени во Тетово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Струмица и Гевгелија.
По едно починато лице е пријавено во градовите Прилеп, Охрид, Струга, Кочани и Кичево.
„Три пациенти се починати во домашни услови, а останатите 33 се починати во болнички услови. Пријавени се 14 пациенти кои се починати во период од 01 до 17 април“, известуваат од Министерството.
Оттаму дополнуваат дека се регистрирани 305 оздравени пациенти.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.581, бројката на оздравени пациенти е 133.070, на починати е 4.891, а бројот на активни случаи изнесува 14.620“, се вели во соопштението на МЗ.
Досега во земјата се направени вкупно 723.722 тестирања на Ковид-19, а во последното деноноќие се направени 2.276 тестирања.