Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа е регистриран 361 нов случај на КОВИД-19 во земјава и тоа 166 во Скопје, 41 во Прилеп, 30 во Битола, 22 во Кавадарци, 14 во Кочани, по 12 во Куманово и Велес.
Во Тетово се регистрирани осум нови случаи, во Гевгелија шест, по пет во Неготино, Радовиш и Делчево, по четири во Берово, Валандово и Македонски Брод, по три во Струмица, по два во Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево.
По еден нов случај е регистриран во градовите Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1.
Од министерството истакнуваат дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се осум починати лица. Четири починати лица од Скопје (61г, 71г, 71г и 83г), 3 починати лица од Битола (70г, 74г, и 84г) и едно починато лице од Куманово (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021. Регистрираните починати лица се од Тетово (3), Скопје (2) и Гостивар (2). Починатите лица се на возраст од 47 до 88 години. Четири лица се починати во домашни услови, а три лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 433 оздравени пациенти.
“Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620“, велат од МЗ
Во последниве 24 часа се направени се 3.028 тестирања, а досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања на КОВИД-19.