Министерството за здравство информира дека изминатово деноноќие две лица починале од коронавирусот, додека 15 пациенти се успешно излекувани од Ковид-19.
„Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 15 излекувани пациенти, 6 пациенти од болничко лекување и 9 кои се се лекуваа во домашни услови. Починати се двајца пациенти, позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ пациент од Штип на возраст од 83 години, и двајцата со претходни коморбидитети.“, соопштија од Министерството за здравство.
Последниве 24 часа потврдени се 37 нови случаи на заразени лица со коронавирусот. Најмногу во Куманово – 9 лица, по што следуваат Скопје и Охрид со по 8 лица, Прилеп 5, Тетово и Велес по три нови случаи и еден нов случај во Кочани.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во Северна Македонија изнесува 1.207.
Во изминатото деноноќие направени се 314 теста: Институт за јавно здравје – 222, Систина (со PCR метода) – 45, Биотек –27, Филип Втори (Жан Митрев) – 17 и Авицена –3. Досега во земјата се направени вкупно 11.870 тестирања на ковид -19.
Од Министерството за здравство информираат и дека:
На Инфективната клиника во Скопје, примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 55, од кои 17 се на кислородна поддршка, а 5 се на механичка вентилација.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно се хоспитализирани 34 пациенти, 7 пациенти се приклучени на респираторна машина. Од болницата со дозвола на ДЗСИ се испишани 3 пациенти, се уште позитивни, но во општа добра состојба кои продолжуваат со лекување во домашни услови, под постојан лекарски надзор и редовни контролни брисеви.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, од нив 3 се на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат уште 15 пациенти.
Во штипската болница во мометов се лекуваат 5 ковид позитивни пациенти, испишано е едно четиричлено семејство. Нивните први контролни брисеви се негативни, а пациентите се во општа добра состојба. До вториот негативен контролен брис, пациентите ќе бидат под редовен лекарски надзор. Преку болницата во Штип се следат уште 20 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.