Министерството за здравство (МЗ) информираше дека во последните 24 часа се регистрирани 84 нови случаи од КОВИД-19, и тоа 58 во Скопје, 6 во Куманово, 5 во Прилеп, по 3 во Тетово и Штип, по 2 во Кичево и Гевгелија, и по еден новозаболен во Кавадарци, Струмица, Неготино, Свети Николе и Крушево.
Од МЗ истотака информираат дека во последното деноноќие пријавени се 37 починати лица, односно 11 од Скопје, на возраст од 38 до 90 години, 5 лица од Охрид на возраст од 55 до 85 години, 4 лица од Битола и Кавадарци на возраст од 67 до 91 година, 3 лица од Куманово и Тетово на возраст од 65 до 84 години, 2 лица од Прилеп на 53 и 54 години, и по едно починато лице од Велес на 61 годиншна возраст, едно од Струмица на 64 години, едно лице од Струга на 60, но и по едно лице од Струга и Делчево на 60 односно 71 годишна возраст. Од починатите пациенти, 4 лица се починати во домашни услови, а 33 се починати во болнички услови.
Регистрирани се 856 оздравени пациенти и тоа Скопје – 377, Битола – 79, Прилеп – 57, Охрид – 55, Куманово – 49, Штип – 36, Велес – 31, Струга – 20, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 16, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 14, Кичево – 9, Струмица – 8, Кочани – 7, Ресен – 6, Берово -5, Богданци – 4, Валандово – 3, Крушево, Виница и Кратово – по 2, Кавадарци, Неготино, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
„Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.672, бројката на оздравени пациенти е 129.909, на починати е 4.714, а бројот на активни случаи изнесува 16.049“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Досега во земјата се направени вкупно 710.265 тестирања на КОВИД-19, а во последните 24 часа се направени 808 тестирања