Во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 37 лица, односно, 10 лица од Скопје на 78, 73, 71, 69, 69, 67, 61, 56, 48 и 42 години, 8 лица од Тетово на 85, 83, 80, 78, 74, 63, 62 и 53 години, по 4 лица од Куманово на 85, 69, 57 и 22 години и од Струга на 69, 64, 63 и 61 година.
Од Ковид-19 починале и 3 лица од Гостивар на 81, 66 и 58 години, 2 лица од Кочани на 78 и 63 години и по едно лице од Прилеп на 62 години, од Велес на 35 години, од Кавадарци на 61 година, од Струмица на 79 години, од Кичево на 57 години и од Дебар на 75 години.
Министерството за здравство (МЗ) информираше дека во последните 24 часа се потврдени 870 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 368 случаи на Ковид-19 во Скопје, 78 во Тетово, Гостивар и Куманово – по 53, Кичево – 40, Струмица – 39, Прилеп – 29, Охрид – 28, Кавадарци– 22, Струга – 20, Битола и Дебар – по 15, Ресен – 13 и 12 во Свети Николе.
Потоа, регистрирани се по 11 случаи на Ковид-19 во Велес и Радовиш, Делчево – 8, Неготино – 7, Кочани, Гевгелија, Валандово и Кратово – по 5, Крива Паланака, Берово и Виница – по 4, Штип, Пробиштип и Македонска Каменица – по 3. Богданци, Крушево и Македонски Брод – по 2 и 1 случај е регистриран во Демир Хисар.
Регистриран e 661 оздравен пациент, односно, од Скопје – 227, Тетово – 110, Гостивар – 72, Струмица – 64, Кичево – 54, Куманово – 43, Штип – 16, Битола – 15, Радовиш и Дебар – по 11, Кочани – 9, Ресен – 8, Берово и Кратово – по 5, Велес – 4, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 2 и 1 во Гевгелија.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 176.494, бројката на оздравени пациенти е 156.307, на починати е 5.938, а бројот на активни случаи изнесува 14.249“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.158.171 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 5.844 тестови.