Во последните 24 часа, како што информира Министерството за здравство (МЗ), потврдени се 378 нови случаи на Ковид-19. Во Скопје се регистрирани 118 случаи, Тетово – 114, Гостивар – 51, Кичево – 20, Куманово – 18, Струмица – 16, Битола и Охрид – по 9, Кавадарци – 6, Велес – 4, Кочани – 3, Струга и Радовиш – по 2 и по 1 во Прилеп, Штип, Ресен, Берово, Виница и Македонски Брод.
Од МЗ исто така информираа дека се регистрирани 25 оздравени пациенти, а пријавено е едно починато лице од Скопје на 71-годишна возраст.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 157.627 бројката на оздравени пациенти е 150.506, на починати е 5.503, а бројот на активни случаи изнесува 1.618“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.012.809 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 7.647 тестови.
Поради рапидното ширење на коронавирусот, од ресорното министерство утрово информираа дека Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче ќе предложат нови мерки до Владата за Тетово и регионот.