СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации, поддржана и финансирана од градот Скопје, на 13 ноември од 10 часот ќе одржи креативна и едукативна работилница за 3Д моделирање и 3Д печатење за средношколци од Град Скопје.
На 15 мотивирани и љубопитни средношколци од Скопје им се нуди можност во тек на еднодневна работилница да научат основите, како и дел од креативните и техничките вештини кои се кријат зад уметноста на 3Д светот.
Предавач на работилницата ќе бидe врвниот експерт на М3ДС академијата Флорина Џингова, која воедно е и генерален менаџер и водечки (lead) инструктор во М3ДС Академија за визуелни уметности.
Организаторите велат дека во текот на самата работилница учесниците ќе се запознаат со следниве теми:
- Вовед и преглед – Преглед на тематиката, како функционира 3Д принтерот и 3Д принтањето, па се до визуелен приказ на принтер.
- 3Д моделирање – запознавање со компјутерски програми со кои се изработуваат три-димензионални модели и нивна употреба за визуелизирање на ваши едноставни 3Д идеи.
- 3Д печатење – запознавање и работа со 3Д принтер и изработка на готов печатен 3Д производ по даден пример.
Апликациската форма за целиот настан е достапна на следниот ЛИНК.
Настанот е отворен за сите средношколци од град Скопје, без разлика на нивната возраст, а учеството е бесплатно.
Проектот „Работилница за 3Д моделирање и 3Д печатење“ е поддржан и финансиран од страна на Град Скопје, а партнери во неговото реализирање се Академијата за визуелни уметности М3ДС и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Повеќе информации можете да најдете на следниов ЛИНК.