4.000 моторциклисти најавија блокади на гранични премини и пристаништа во Хрватска

Околу 4.000 мотоциклисти планираат викендов да ги блокираат патарините, граничните премини и траектните пристаништа во Хрватска.

Блокадата е најавена бидејќи не се исполнети нивните барања испратени до министерот за сообраќај Олег Бутковиќ за зголемување на безбедноста на мотоциклистите, најави здружението Карван за живот – бајкери на патот.

„Низ цела Хрватска, на 31 август и 1 септември ќе се собереме над 4.000 и ќе го забавиме сообраќајот на наплатните станици Лучко, граничните премини Рупа, Каштел и Плованија, траектните пристаништа Корчула, Сплит, Задар, Раб, Паг и мостот Крк“,  соопштение здружението.

Тие истакнаа и дека забавувањето на сообраќајот „е целосно законско“, како и дека мотоциклистите на никаков начин нема да ги кршат хрватските закони.