Околу 40 луѓе, главно ученици се убиени во вчерашниот напад во училиште во Уганда кој го извршиле бунтовниците поврзани со групата Исламска држава, пишува „Би-Би-Си“.
Во моментов осум лица се во критична состојба, а познато е дека момчиња кои живееле во ученичките домови се меѓу загинатите во нападот во средното училиште „Лубирија“ во Емпондве.
„Многу од телата ги префрлија во болница“, изјавил потпаролот на полицијата, Фред Енанга. Тој соопштил дека за време на инцидентот бил запален ученичкиот дом и била ограбена продавницата за храна.
Генералот на армијата изјавил дека покрај убиство, некои од учениците, особено девојчиња се киднапирани, додека голем број ученици остануваат исчезнати.
Напаѓачите кои надлежните ги лоцираат во групата Сојузничките демократски сили (ADF), ги запалиле душеците во домовите, а се претпоставува дека наоколу детонирале бомби. Армијата трага кон членовите на групата кои го извршија нападот.