Наредбата за отстранување на работниците Роми од одделот за храна во трговскиот центар Скопје Сити Мол, претставува драстичен пример за расна и етничка дискриминација, реагираат 42 граѓански организации.
„Во Република Македонија се случи промоција на политиката на апартхејд, во која работните места и дел од просторот се забранети за припадници на Ромската етничка заедница. Ваквото однесување е неприфатливо според Уставот и законите на Републиката и неприфатливо во мултикултурно општество како нашето. Сегрегацијата и дискриминацијата по било кој основ не се дел од светот кој се обидуваме да го изградиме и затоа јавно го осудуваме ваквото однесување на раководителите на компанијата кои се директно вклучени во настанот“, стои во нивната реакција.
Граѓанските здруженијао побараа од надлежните институции да се најдат и казнат одговорните за случајот. Од Сити Мол пак побараа јавно да им се извинат на Ромите преку средствата за јавно информирање, компанијата да ги казни директно одговорните, како и во целиот објект да бидат поставени табли со текст: „Добредојдени се сите без оглед на расна, национална, верска, родова и друга припадност.“
„Се додека не се исполнат овие барања, ги повикуваме сите граѓани на бојкот на услугите и стоките кои можат да се купат во Трговскиот центар Скопје Сити Мол. За да го свртиме вниманието на граѓаните кон овој проблем и за да го забрзаме исполнувањето на барањата, ќе бидеме присутни со соодветни активности пред објектот на трговскиот центар“, стои во реакцијата.
Овие барања ги поддржаа следниве организации:
1. Граѓанска иницијатива АМАН
2. Граѓанско здружение ОДРАЗ
3. Фондација Отворено општество – Македонија
4. „Вратете насмевка“, Велес
5. Еколошко друштво „Вила Зора“, Велес
6. Плоштад Слобода, Скопје
7. Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација, Скопје
8. Здружение „Роса“, с.Градошорци,Василево
9. Здружение Регионален центар за одржлив развој, Кратово
10. Здружение на граѓани „Рубикон“
11. Организација на жени, Струмица
12. Асоцијација за демократски иницијативи, Гостивар
13. Центар за меѓукултурен дијалог, Куманово
14. „Флоренс Најтингејл“, Куманово
15. Детски парламент за Неготино и Демир Капија
16. Стрип центар на Македонија, Велес
17. „Бирлик Јекипе“, Велес
18. НВО „КХАМ“, Делчево
19. Фондација за развој на локалната заедница, Штип
20. Ромско Хуманитарно здружение на жени „Кхам“, Куманово
21. Радика-Де, Дебар
22. Национален совет за родова рамноправност
23. Младински образовен форум, Скопје
24. Центар за одржлив развој на заедницата, Дебар
25. Младинска Алијанса, Тетово
26. Фондација ИДЕА Југоисточна Европа
27. Институт за човекови права, Скопје
28. Коалиција за одржлив развој, Скопје
29. Македонско здружение на млади правници, Скопје
30. Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, Скопје
31. Банка за храна Македонија
32. Здружение Центар за образовна поддршка „Дендо вас“, Скопје
33. Детски театарски центар, Скопје
34. НВО Инфо Центар
35. Македонски центар за европско образование
36. Реактор – Истражување во акција
37. Еколошко друштво „Планетум“, Струмица
38. Контрапункт
39. Коалиција сите за правично судење
40. Хера – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
41. Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ – ЕСЕ
42. Помош за хендикепирани и сиромашни