Од Министерството за здравство информираат дека во последните 24 часа се регистрирани 510 нови случаи на Ковид-19 и тоа 179 во Скопје, 96 во Тетово, 65 во Гостивар, 35 во Куманово, 29 во Кичево, 20 во Струга, 14 во Битола, по 11 случаи се регистрирани во Охрид и Струмица, а 10 нови случаи се регистрирани во Дебар.
Седум нови случаи на Ковид се регистрирани во Кавадарци, шест во Велес, пет во Кочани, по четири во Прилеп и Берово, три во Штип, Виница и Македонски Брод, два во Пехчево, Делчево, Радовиш, Ресен и Гевгелија, а по еден нов случај на Ковид-19 е регистриран во Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија.
Од МЗ велат дека пријавени се четири починати лица, две од Скопје на 71 и 88 годишна возраст, едно лице од Тетово на 75 годишна возраст и едно лице од Дебар на 67 годишна возраст. Сите пациенти починале во болнички услови.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.681 бројката на оздравени пациенти е 150.587, на починати е 5.513, а бројот на активни случаи изнесува 2.581“, се вели во соопштението на МЗ.
Досега во земјата се направени вкупно 1.028.102 тестирања на Ковид-19“, а во последните 24 часа се направени 5.809 тестирања.