Министерството за здравство информираше дека во последното деноноќие регистрирани се 54 нови случаи на Ковид-19 и тоа 32 во Тетово, 13 во Скопје, четири во Дебар, по два во Гостивар и Валандово, а еден нов случај е пријавен во Кичево.
Оттаму додаваат дека пријавен е еден починат пациент од Тетово на возраст од 77 години, во болнички услови.
Регистрирани сe 28 оздравени пациенти.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.506 бројката на оздравени пациенти е 150.399, на починати е 5.494, а бројот на активни случаи изнесува 613“, велат од МЗ.
Досега во земјата се направени вкупно 985.556 тестирања на Ковид-19, а во последните 24 часа се направени 3.087 тестирања.