Според голема анкета на ниво на Европа во која биле вклучени лезбејки, геј, бисексуалци, транс и интерсексуални личности, 6 од 10 припадници на ЛГБТИ+ заедницата избегнуваат држење за рака во јавност поради страв од дискриминација.
Во рамки на студијата биле интервјуирани 140,000 луѓе во Европа, а резултатите покажале дека 43% од ЛГБТИ+ луѓето биле дискриминирани во изминатата година, што е за 6% повеќе од бројот во претходната анкета од 2012.
Авторите велат дека анкетата, изработена од страна на Агенцијата за фундаментални права е најголемата анкета некогаш направена. Резултатите покажале дека во 2020 година, ЛГБТИ+ луѓето од секоја европска држава имале потешкотии на работното место, додека се социјализираат, па дури и додека пешачат.
„Резултатите покажуваат многу мал прогрес во изминатите седум години. Замислете како е да се плашите да го држите вашиот партнер за рака во јавност, секогаш да одите по потешкиот и подолг пат до дома за да избегнете опасни места, да доживувате измејување секогаш кога ќе го кажете вашето лично идентификување’, додал директорот на Агенцијата за фундаментални права, Мајкл О’ Флахерти.
Нетолеранцијата се зголемува во Франција и Полска
Во анкетата учествувале граѓани од 27 држави членки на Европската унија, но и граѓани од Велика Британија, Северна Македонија и Србија.
2 од 5 учесници истакнале дека биле вознемирувани во претходните години, додека 1 од 5 транс или интерсекс лица одговориле дека биле физички или сексуално нападнати.
Економска нееднаквост исто така е голема – третина од ЛГБТИ+ лицата изјавиле дека имале потешкотии „да врзат крај со крај“, а повеќе истакнале дека се соочиле со дискриминација при барање на живеалиште или при потреба од медицинска нега.
Мај број од учесниците во анкетата изјавиле дека би го пријавиле нападот во полиција, само 4% во Романија и 5% во Унгарија.
„Уште позагрижувачко е тоа што во последно време сме сведоци на анти-ЛГБТИ+ инциденти во земјите на ЕУ, односно напади за време на парадите на гордоста, користење на декларацијата „Зона без ЛГБТИ“, казни за ЛГБТИ+ инклузивен маркетинг и слично“, додала Хелена Дали, Европската комисионерка за еднаквост.
Изминатата декада сведочи за конфузија во правата на ЛГБТИ+ заедницата и раст во јавната дискриминација во некои делови од Европа.
Во Полска, владејачката партија „Закон и Правда“ ја зголемила својата хомофобична реторика, а парадите на гордоста биле мети на контра-протести, додека провладини медиуми дистрибуирале налепници со кои се обележувале градови како „Зони без ЛГБТИ“.
68% од полските учесници во анкетата одговориле дека нетолеранцијата се зголемила од 2012 година, што е најголемата промена на ниво на Европа.
Повеќе од половина учесници од Франција нагласиле дека нетоларанцијата се зголемила во нивната држава.
За споредба, повеќе од 70% од учесниците во Ирска и Малта, одговориле дека нетолерантноста се намалила. Ирска ги легализираше истополовите бракови во 2015 година, додека Малта стана првата држава на континентот која ја забрани конверзионата терапија во 2016 година. Но по декада на спор прогрес, О’ Флаерти предупредува дека нееднаквоста може да се влоши за време на пандемијата од коронавирусот.
„Многу од ЛГБТИ+ лицата продолжуваат да живеат во сенка, исплашени дека ќе бидат исмеани, дискриминирани, па дури и нападнати. Ситуацијата на нивните работни места и здравствени услуги може да се влоши уште повеќе поради Ковид-19. Креаторите на политиките треба да ја земат предвид оваа ситуација и поактивно да ги промовираат правата на ЛГБТИ+ луѓето“, истакнал тој.
Обединетите нации се огласија со слично предупредување, откако 96 држави членки потпишаа заеднички договор, со кој се осигурува дека олеснителните мерки за коронавирусот нема да ги зголемат структурните бариери со кои се соочуваат ЛГБТИ+ луѓето.
„Лезбејките, гејовите, бисексуалците и транс луѓето кои се диспропорционално претставени во круговите на сиромашните, бездомниците и лицата без здравствена заштита, ќе бидат тешко погодени од пандемијата, па доколку не преземеме брза иницијатива, последниците ќе бидат почувствувани и во генерациите што следат“, изјавил Виктор Мадригал – Борлос, независниот експерт на ОН за заштита од дискриминација и насилство базирано врз сексуалната ориентација и родов идентитет.
Извор: CNN