Шеесетина поети и музичари од 15 земји во светот, меѓу нив и десетина од С. Македонија, виртуелно, преку видео-конференциски повик, го одржаа третиот Меѓународен поетско-музички “Прозорец кон светот – останете дома”.
Организатори на настанот беа Хртватското Книжевно Друштво и поетот Валерио Орлиќ. Орлиќ, е основач на Хртватското Книжевно Друштво, уредник на литературното списание “Крик”, како и член на колегиумот на списанијата “Книжевно перо” и “Задарски книжевен летопис”.
Како специјален гостин – учесник беше и Хусто Хорхе Падрон, носителот на наградата “Златен венец” на Струшките вечери на поезијата.
На настанот како учесници од земјава беа Даниела Андоновска Трајковска и Мирјана Стојановска, од Битола, Филип Димкоски и Тони Павлески од Прилеп, Ѓорѓи Калајџиев од Струмица, Игор Крајчев, од Велес, Марина Мијаковска, Ленче Милошевска и Соња Серафимова од Скопје и Веле Митаноски од Охрид.
Целосното видео од поетско-музичкиот настан можете да го погледнете на видеото во продолжение.