61. Издание на Драмски аматерски фестивал во Кочани

61. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија ќе се одржува од 20 до 25 мај во Кочани кој  е негов домаќин по 48-ми.

Отворањето на фестивалот ќе биде со изведбата на професионалната претстава „Вечера за глупаци“ на велешкиот театар „Јордан Хаџи Костантинов-Џинот“.

Програмата продолжува следниот ден со три аматерски претстави. Во 12 часот ќе се одигра претставата „Валентајн, не благодарам!“ на театарот Прва средба од Скопје. Претставата е во режија на Маја Љутков и Ана Јовановска, а по сценарио на компилација од текстови.

Во 19 часот ќе се изведе претставата „Крај на играта“ од театарот Чекори од Скопје. Претставата е по драмскиот текст на Сејмуел Бекет, а во режија на Снежана Коневски – Руси. По неа, во 21 часот ќе се изведе „Дали е во ред?“ од КУД „Гоце Делчев“ од Босилово, по текст на Лу Саин и режија на Јовче Пандев.

Целосната програма погледнете ја во продолжение: