Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 26 лица. Од пријавените лица 20 се починати во болнички услови, а 6 починале во домашни услови.
Починале 6 лица од Скопје (77г, 63г, 58г, 57г, 52г, 47г), по 5 лица од Тетово (74г, 73г, 68г, 67г и 62г), по 3 лица од Гостивар (82г, 55г и 52г) и Куманово (84г, 71г и 65г), по 2 починати лица од Кичево (78г и 68г) и Струга (76г и 45г) и по едно починато лице од Крива Паланка (23г), Струмица (73г), Штип (67г), Охрид (84г) и Прилеп (83г).
Во последните 24 часа потврдени се 722 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 302 случаи во Скопје, 51 во Тетово, Куманово – 46, Струмица – 42, Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес ,Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола ,Свети Николе и Струга – по 18, и 16 во Прилеп.
Потоа, регистрирани се 13 случаи на Ковид-19 во Кочани, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија, Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица, Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци, Валандово и Виница – по 2 и по 1 во Демир Хисар, Дојран, Кратово и Македонски Брод.
Регистрирани сe 574 оздравени пациенти , односно, од Скопје – 169, Тетово – 105, Гостивар – 87, Струмица – 36, Куманово – 35, Кичево – 27, Кавадарци – 14, Битола и Кочани – по 13, Штип – 11, Прилеп,Велес и Радовиш – по 10, Свети Николе – 8, Гевгелија – 4, Крива Паланка и Виница – по 3, Неготино, Ресен, Пробиштип, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2 и по 1 од Охрид, Делчево ,Крушево,Демир Хисар, Демир Капија и Кратово.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.879, бројката на оздравени пациенти е 157.868, на починати е 6.013, а бројот на активни случаи изнесува 14.998. “, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.175. 766 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 5.865 тестови.