Во октомври годинава, Државниот завод за статистика (ДЗС) бележи 107.672 туристи, од кои 74.2% или 79.930 се странски, а 25.8% или 27.742 се домашни туристи.
Ова претставува зголемување за 13.5 илјади туристи во споредба со октомври минатата година.
Бројот на ноќевањата во октомври годинава, според податоците на ДЗС изнесува 211.611, од кои 32.5% се од домашните туристи, а 67.5% од странските туристи.
Најголем број од странските туристи се од Турција (23.838 туристи), Србија (6.582 туристи) и Германија (4.686 туристи).