Според новиот извештај на британскиот Национален совет за обука на новинарство (НЦТЈ), 80 отсто од новинарите имаат професионална и позадина од високата општествена класа.
Процентот се зголемил за шест отсто од последниот извештај направен во 2016 година, пренесува „Dazed and confused“.
Според најновиот извештај на НЦТЈ, 84 отсто од новинарите и 73 отсто од уредниците доаѓаат од високата општествена класа.
Анкетата ја утврдила општествената класа преку прашување на испитаниците за тоа какво работно место имало семејното лице со највисока заработка кога тие имале 14 години. Според анкетата, работните места биле поделени во различни категории кои индицираат на општествена класа.
За работни места од „висока класа“ биле именувани позициите како менаџери и директори, додека за работни места од „средна и ниска класа“ биле означени позициите како угостители и фабрички работници.
Според статистиката на британската Влада, само 42 отсто од генералната работна сила во државата доаѓа од високата општествена класа, што значи дека луѓето од работничката класа се многу малку застапени во новинарството.
Општествената класа беше единствениот испитуван фактор каде што новинарската индустрија станува сè понееднаква со текот на времето. Другите области како што се различноста меѓу расите и половите се подобрени во последните години.