Министерството за здравство информираше дека последниве 24 часа регистрирани се девет нови случаи на Ковид-19 од вкупно направени 2.743 тестирања. Новите случаи се регистрирани во Тетово (6), Гостивар (2) и Охрид (1).
Изминатово деноноќие не се регистрирани починати пациенти, а пријавени се 10 оздравени лица.
Направените 2.743 тестови биле преку: ИЈЗ-437, ЦЈЗ Скопје-37, ЦЈЗ Битола-40, ЦЈЗ Прилеп-38, ЦЈЗ Тетово–25, ЦЈЗ Куманово–23, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-6, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 1, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–21, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-48, Авицена-137, Биотек-143, Систина-78, лабораторија Лаор-94, Синлаб-185, Ремедика-9, Плодност–18, Генеа–12, Никоб лаб-382, ВФВ Медикал-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 986.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 155.741, бројката на оздравени пациенти е 150.114, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 141. Досега во земјата се направени вкупно 897.647 тестирања на Ковид-19.