Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 6 лица. Починало по едно лице од Демир Хисар (78г), Битола (79г), Ресен (73г), Прилеп (76г) Штип (63г) и Македонска Каменица (73г).
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно лице од Тетово, Струмица и Кичево, починати во период од 17 – 18.12.2021г. Починатите се на возраст од 68 години до 87 години. Од пријавените едно лице е починато во болнички услови и 2 во домашни услови“, се додава во соопштението на МЗ.
Во последните 24 часа потврдени се 1.396 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 790 случаи во Скопје, Битола – 164, Прилеп – 80, Кавадарци – 41, Куманово – 31, Охрид и Гевгелија – 26, Гостивар – 24, Кичево – 22, Велес – 21, Ресен – 19, Тетово – 18, Неготино – 17, Штип и Кочани – по 16, Струга – 12, Крушево – 9 и 8 во Пробиштип.
Потоа, регистрирани се по 7 случаи на Ковид-19 во Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш, Валандово и Македонски Брод – по 6, Струмица – 5, Делчево – 4, Богданци и Пехчево – по 3, Виница и Кратово – по 2 и по 1 во Берово, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран.
Регистрирани сe 348 оздравени пациенти, односно од Скопје – 199,Битола – 32, Кавадарци – 26, Ресен – 13, Охрид – 12, Тетово – 10, Неготино – 9, Гевгелија – 8, Штип – 6, Куманово, Гостивар, Велес и Струмица – по 4, Кичево и Валандово – по 3, Кочани, Радовиш, Делчево и Дојран – по 2 и по 1 од Струга, Свети Николе и Македонска Каменица.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 233.464,бројот на оздравени пациенти е 214.854, на починати е 8.032, а бројот на активни случаи изнесува 10.578“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.659.878 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие направени се 11.479 тестови.