Австралискиот пливач Џорџ Коронс го сруши светскиот рекорд во краул на 50 метри за време на Игрите за пливање организирани од Комонвелтот во Голд Коуст, Квинсленд.
99-годишниот испливал со време од 56,12 секунди, и бил единствениот конкурент во возрасната група од 100-104 години.
Организаторите му дадоа шанса на Коронс да го сруши светскиот рекорд, кој претходно беше поставен од починатиот канадски пливач Јаринг Тимерман во 2009 година со време од 1 минута и 16,92 секунди.
На мастер-натпревари, спортистите се натпреваруваат во возрасната група што ја навршуваат таа година. Коронс ќе наполни 100 во април.
„Само што посведочивме како се создава историја“, се вели во објавата на Фејсбук на пливачкиот тим „Австралиски делфини“.
Коронс во јануари изјави дека почнал да се натпреварува во пливање на 80 години, и дека ќе бил изненаден ако немал барем добар резултат.
„Ќе бидам изненаден ако не успеам да ја срушам минутата, имам цел да испливам 58 (секунди)”, рече тогаш Коронс.