Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 999 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 325 случаи во Скопје, Тетово – 184, Гостивар – 132, Куманово – 79, Кичево – 50, Струмица – 42, Струга – 33, Охрид – 20, Битола, Кочани и Берово – по 15, Прилеп – 14, Кавадарци и Ресен – по 10, Штип и Радовиш – по 8, Велес – 7, Делчево и Валандово – по 6, Кратово и Македонски Брод – по 5, Дебар – 4, Крива Паланка и Демир Хисар – по 2 и по 1 од Гевгелија и Свети Николе.
Од МЗ исто така информираа дека во изминатото деноноќие починале 14 лица, односно 5 лица од Скопје на 59. 74, 77, 79 и 84 години, 2 лица од Гостивар на 57 и 58 години и по едно лице од Куманово на 80 години и од Кичево на 57 години. Од починатите едно лице е починато во домашни, а другите во болнички услови.
Регистрирани сe и 184 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 72, Гостивар – 24, Тетово – 20, Куманово – 19, Кичево – 13,Битола – 7, Струмица – 6, Дебар – 5, Кочани и Кавадарци – по 4, Прилеп и Валандово – по 3, Радовиш – 2 и по 1 од Велес и Свети Николе.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 163.452 бројката на оздравени пациенти е 151.144, на починати е 5.574, а бројот на активни случаи изнесува 6.734“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.073.017 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 7.245 тестови.