За прв пат од основањето Контра Кадар во Скопје, во понеделник (11 април) во Кино Култура ќе се одржи дебата меѓу Бранимир Јовановиќ – левичар, и Петар Котевски – десничар, либертаријанец. Истата вечер ќе се прикажува и филмот „Taking Sides“ на режисерот Иштван Сабо.
На дебатата ќе зборува за тоа дали треба да се остане во Македонија и за тоа какво општество сакаме да изградиме. Прашањето е формулирано низ призмата на еднаквоста на можностите – дали денес, граѓаните на Македонија имаат еднакви можности и дали еднаквоста на можностите денес е поголема или помала отколку во минатото, т.е. од пред распадот на социјализмот?
Главното прашање кое Сабо го отвора во овој, а и во повеќето негови филмови, е дали уметникот, интелектуалецот во време на диктатура може да направи своевиден компромис со власта, ако тоа би му овозможило да си ја задржи својата слобода и интигритет. Додека нишката што го поврзува истото со темата е тоа што главниот лик, и покрај неговата светска слава, решава да остане во нацистичка Германија, да продолжи со неговата работа и да се бори за своите убедувања.
Филмот е во режија на е култниот унгарски автор Иштван Сабо, добитник на неколку награди на фестивалите во Кан и Берлин, како и Оскар за најдобар странски филм за филмот Mephisto.
Проекцијата ќе започне во 19 часот во Кино Култура, а влезот е слободен.