Повик за волонтерство во Романија

Проектот “Restart” е дел од поранешното  EVS “Second Chance”, кој беше имплементиран од страна на ANTER во 2014/2015. Целта на проектот е да се адресира потребата за инклузија и да се потикне позитивна свест за другите социјални категории.

Волонтерскиот ангажман е во романскиот град Крајова, од 3 ноември 2016 до 5 март 2016 година.

Волонтерот ќе работи од 10 до 16 часот, а дел од програмата е и менторството. Менторот може да му помогне на волонтерот да ги идентификува своите јаки и слаби точки во врска со неговите способности и карактер. На секој волонтер ќе му биде доделен ментор и ќе биде дел од групни и индивидуални менторски сесии.

Профил на волонтер:

  • Млади на возраст од 18 до 30 години;
  • Да присуствуваат целиот период;
  • Заинтересирани и мотивирани да развиваат активности во рамките на проектот;
  • Добро познавање на англискиот јазик;

Технички информации:

Патните трошоци ќе бидат покриени до 180 евра

Трошоци за виза 120 евра

Сместување и храна

Ќе бидат обезбедени доволно средства за храна и сместување за волонтерите. Волонтерите се одговорни да си го зготват својот оброк, тие ќе бидат сместени по двајца во соба, а станот има кујна и тоалет.  Во станот исто така има интернет, фрижидер, печка и топла вода. Волонтерите ќе добиват по 100 евра за храна и 60 евра џепарлак на крајот на секој месец.

Сите заинтересирани за овој ангажман треба да испратат CV и мотивациско писмо на англиски јазик на sending@cid.mk. Крајниот рок за пријавување е 1 јуни.

Извор