[Фото] Повторно уништено дрвцето што растеше на карпа во Елешец

Уништено е дрвцето што никна од пресеченото стебло на старата слива која растеше на карпа на плажа во месноста Елешец, кај плажата ”Атлантик”, пишува Охрид њуз. Ова се случило во текот на изминатото деноноќие. велат вљубеници во природата, кои пред два дена го посетиле местото и го фотографирале дрвцето.

drv-1

drv-2

Ова е вторпат да биде уништено ова дрвце. Претходно во 2013 година непознат вандал ја исече старата слива што растеше на карпата во Елешец, но од стеблото на пресеченото дрво никна нов живот, кој за жал траеше кратко.

drv-3

Дрвцето што растеше на ова необично место беше еден од најпрепознатливите симболи на источното крајбрежје на езерото и инспирација за уметниците и фотографите.