Дебатното кино Контра Кадар организира четиридневен фестивал кој ќе се одри од 13 до 16 април, во Центар за култура Битола и Порта Џез, а со кој одбележува три години од своето основање.
Фестивалот ќе започне со проекција на филмот „Касаба“ на режисерот Нури Џејлан, во соработка со Филозофски филмски фестивал и Турскиот културен центар „Јунус Емре“ – Скопје. По проекцијата е најавено предавање на д-р Дејан Здравков, на тема: „Чехов во Анадолија: изградба на една поетска фабула“.
Во четврток, на 14 април е најавена проекцијата на „Барајќи ја среќата“ на македонската режисерка Марија Џиџева, добитник на награди за најдобар документарен филм, на фестивали во Канада, Косово и Франција. По филмот, ќе се дискутира за феноменот на „наместен“ брак, односно брак кој е договорен со посредно (или без никакво) учество на младоженците. Во петок пак е најавен „Oва е пуч“, документарен филм на Пол Мејсон, кој ги прикажува интервенционистичките политики на Европска Централна Банка, кон земји како Италија, Ирска, Грција и преку анализите на академици, новинари, олитичари, дава приказ на релациите помеѓу институциите на ЕУ и банките и корпорациите.
Гостин на проекцијата e Aтанасиос Марвакис, поранешен член на Сириза, доктор по социјална психологија, a ќе се дискутира за динамиката помеѓу грас рут движењата и политичките партии, во денешен контекст – на релација со искуствата со Сириза. За вечерта во Порта Џез ќе настапат Fighting Windmills и Red Sails Billow.
Во сабота, 16 април е најавено предавањето на Aтанасиос Марвакис на тема перспективите на критичката психологија, проекцијата на „Монти Пајтон и светиот грал“ на Стери Гилијам и Тери Џоунс, по што со гостите Марјан Ѓорѓиевски и Ѕвездан Георгиевски ќе се дискутира за улогата на хуморот во општеството. Вечерта пак во Порта Џез е најавен настап на Милко, Мазно е, ама не е и Мнемоник 45.
Влезот за сите настани е слободен (или муфте).