Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба” од вчера започна почна кампања за зголемено користење на велосипеди во Скопје. Од центарт најавија дека сите они кои ќе ја го посетат центарот со велосипед во текот на 2016 година, ќе бидат наградени со попусти.
„Трендот на рекреативно користење на велосипед во Скопје е евидентно зголемен. Тоа се забележува за време на викендите, особено кога и помлада и постара популација го користи убавото време за да се рекреира во паркови, на Водно, но и до подалечни дестинации.
Скопје како град има одлични предиспозиции за користење на велосипед во секое време од денот и било кој период од годината. Велосипедот го олеснува движењето, се избегнува сообраќајниот метеж и овозможува подобро планирање на сопственото време и има голем позитивен импакт врз нашето физичко и ментално здравје. Фактот дека не загадува не треба дури и да се споменува“, се вели во соопштението на Јавна соба.
Кампањата за користење на велосипед како превозно средство ќе трае во текот на целата година.