Циклус на бесплатни интерактивни едукативни работилници на тема „Во светот на пештерите“, преку кои учесниците ќе дознаат повеќе за пештерите во Македонија, лилјаците, мечките, рисовите и општо за спелеологијата ќе се случуваат во Зоолошката градина во Скопје од 16 април, сабота.
Предавањето за Вовед во спелеологија и пештери, ќе биде во 14 часот и ќе го одржи Билјана Гичевски од Истражувачкото Друштво Урсус Спелеос.
Работилниците се адаптирани за деца од петто до седмо одделение. За да се добие сертификат за учество потребно е да се учествува на најмалку едно предавање и една работилница.
Пријавувањето е најдоцна до 15 април и е бесплатно.