Ненадејната смрт на Принс деновиве инспирираше низа музичари и уметници од целиот свет да направат дела посветени на музичарот.
Покрај бројни твитови и песни, муралот за една од најпознатите песни на Принс „Purple Rain“( Виолетов дожд), на ѕидот на Младински центар на Универзитетот во Сиднеј, се издвојува од останатите дела. Муралот е дело на уметникот Греам Оет, направен во неделата, стои на неговата страница на Фејсбук, „Mr G Hoete Art“. Црно-белиот портрет на Принс, се наоѓа на ѕид, опкружен со виолетова магла – боја која стана синоним за уметникот.
Сега ова дело од уличната уметност стекна меѓународно признание, забележува Оет на Фејсбук, кој има желба да наслика огромен мурал на Принс и во родниот град на музичарот во Минесота.