Граѓанските организации Go Green, Ајде Македонија и Грашница, заедно со претставници на туристичкиот и јавниот сектор во Македонија организираат серија акции за чистење на отпад во Скопје, Охрид, Демир Капија, Маврово и Крушево, во насока на поддршка на активностите во туризмот во Македонија, но и за јакнење на јавната свест за проблемот со отпадот особено во туристичките дестинации.
На 8 мај е закажано чистење на кањонот Матка. Акцијата ќе започне во 10 часот, а собирно место ќе биде на широчинката пред кајакарското. За сите учесници се обезбедени вреќи за собирање отпад и ракавици.
Се повикуваат сите заинтересирани граѓани да се вклучат во акцијата и да помогнат во подигањето на свеста за штетноста на неправилно фрлениот отпад и за потребата од зелена и чиста околина за развој на туризмот во Македонија.