Британскиот бенд Radiohead вчера објави видео за својата нова песна, Burn the Witch, а од денес таа е достапна и за преземање и слушање на сите дигитални сервиси.
Песната беше објавена после мистериозното исчезнување на групата од сите социјални мрежи, што ги поттикна шпекулациите дека наскоро ќе објават и нов албум, пишува NME.
I like the new @radiohead single #burnthewitch @NME It sounds hark back to the early days.
— Imran Sheikh (@indieimmy) May 3, 2016
Обожавателите на интернет пишуваат дека песната е „неверојатна“ и „фантастична“, и дека потсеќа на нивната музика на почетоците.
Албумот кој наводно треба да излезе наскоро би бил прв после нивниот албум од 2011 година, King of Limbs.