Фотографката Михаела Сковранова го документира животот во океанот и ги објавува своите впечатливи дела на Инстаграм од почетокот на 2012 година.
Таа се фасцинирала од океанот кога се преселила во Австралија, бидејќи растела во место каде нема плажи.
„Доаѓам од Словачка, која е земја која не излегува на море. Се преселивме во Австралија кога имав 13 години, но не се приближував многу до океанот, за мене беше страшно место“, вели Сковранова за Mashable.
Нејзината желба да го истражува светот била дополнителен поттик да го документира подводниот свет. Таа потекнува од семејство на фотографи, и нејзините дела не само што ги раскажуваат приказните на океанот, туку и нејзиниот интимен живот.
A photo posted by Michaela Skovranova (@mishkusk) on
„Мојот фокус е документарната фотографија, но всушност е себе-документарна“, вели таа. „Го истражува моето семејство и начинот на кој јас се поврзувам со природата и околината. Ја користам околината за да ги изразам сопствените емоции“.
Таа ќе патува во Тонга во август, за да ја фотографира преселбата на китовите, кои се размножуваат во топлите делови на Тихиот Океан. И покрај нивната големина, не се лесни за наоѓање.
„Може да барате китови два или три часа наутро, можеби дури и подолго. Некои денови нема ни да се приближите до кит“, вели таа.
Сковранова ќе прави фотографии под вода во рок од 10 дена, секогаш од седум наутро до зајдисонце. Се надева на помош од локалните жители да и помогнат да ги најде китовите.
Таа ќе сними и краток документарец во Тонга, кој треба да го објави кон крајот на годинава. Во него ќе биде прикажано како навистина ги прави фотографиите.
„Сметам дека под водата има многу скриен свет. Поминуваме многу малку време таму. Ако нуркаш без опрема, имаш само неколку минути. Тоа е само мал дел од она што се крие таму, а колку подлабоко одиш, толку повеќе гледаш“, вели Сковранова.
A photo posted by Michaela Skovranova (@mishkusk) on
This place #ocean #underwater #wildlife #sydney #shellybeach
A photo posted by Michaela Skovranova (@mishkusk) on
A photo posted by Michaela Skovranova (@mishkusk) on
A photo posted by Michaela Skovranova (@mishkusk) on