Новите податоци објавени од НАСА открија дека овој април бил најтопол досега. Мерењата покажале дека април бил шести месец по ред кој има температура со еден степен повисок од просекот во 1951-1980 година.
Податоците за април покажуваат дека продолжува значителниот жежок почеток за 2016 година, со тоа што секој месец се вбројува во најжешките месеци во последните 130 години. Идната недела ќе се објават резултатите од истражувањето на Националната океанска и атмосферска управа, за кои научниците сметаат дека само ќе потврдат дека во изминатите 12 месеци биле срушени сите рекорди.
Метеорологот Ерик Холтхаус, вели дека ситуацијата е застрашувачка.
„Јас сум во таа фаза кога не знам што ќе се случи следно. Ние знаевме дека ‘Ел Њино’ ќе влијае на работите, но мислам дека никој не го очекуваше овој скок“, смета Холтхаус.
Тој вели дека мерењата на експертите во целиот свет значат дека во изминатата година, глобалните температури се зголемиле за 25 отсто од зголемувањата во 1880-тите години. Воедно, растечките температури имаат сериозно влијание врз животната средина, вели Холтхаус.
Научниците очекуваат да се намалат нивоата на морињата, а во последните 18 месеци, речиси една четвртина од сите корални колонии во океаните биле уништени како резултат на потоплата и скиселена вода.
Голем дел од експертите веруваат дека активностите на човекот имаат сериозно влијание врз промените на климата. Последниот извештај на Обединетите нации соопшти дека во 2014 година имало јасни докази дека човекот има големо влијание во промените.