Слушалка која преведува странски јазици во реално време

The Pilot System е нов уред –слушалка која преведува странски јазици во реално време и носителот го слуша преводот веднаш.

Уредот е производ на The Waverly Labs. Во продажба треба да излезе во септември. Системот му овозможува на носителот да разбира еден од неколку странски јазици преку симултан превод. Апликација овозможува да се избира меѓу јазиците кои носителот ги сака, а може да избира меѓу француски, шпански, италијански и англиски.

Уредот преведува говор на странски јазик слично како уредот наречен Babelfish, кој се споменува во книгата „Автостоперски водич низ галаксијата“. Неговиот креатор ја добил идејата кога запознал девојка од Франција, и имале проблеми со комуникацијата.

Слушалките засега чинат 129 долари, а може да се нарачаат на следниот линк.

Извор: Bored Panda