Во недела и понеделник, на 22 и 23 мај, во Кино Култура ќе се игра претставата „Ајнштајновите соништа” според истоимениот роман на Ален Лајтман, а во режија на Слободан Унковски
Драматургијата е на Русомир Богдановски, музика Златко Ориѓански, костими на Розе Трајческа Ристевска и режијата е на Слободан Унковски.
Актери се Марија Спиркоска Илијеска, Наталија Теодосиева, Симона Димковска, Ивана Павлакович, Катерина Чакмакоска, Игор Трпчески, Владимир Горѓиоски, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Мартин Манев и Илија Волчески.
Театарската претстава е продукција на Театар на Навигаторот Цветко, Скопје и Театар: „Војдан Чернодрински“ како дел од Центарот за култура „Марко Цепенков“, Прилеп.
Почеток на претставите е најавен во 20:00 часот.