Францускиот уличен уметник JR вчера го заврши своето последно јавно уметничко дело, огромното фотографско парче што ја обвива познатата стаклена пирамида пред Музејот Лувр, создавајќи илузија дека таа исчезнала.
Делото е дел од настанот насловен како „JR во Лувр“ и се состои од фотографски отпечатоци од музејот поставени на надворешното стакло, со цел од подалеку да изгледа дека е исчезната пирамидата. Изложбата вклучува и 24-часовен настан кој ќе се одржува овој викенд на 28-29 мај, на кој ќе се прикажуваат филмови, ќе има работилници музчки настапи и танц перформанс.
JR е познат по своите огромни црно-бели фотографии поставени во форма на мурали, најчесто со лица на луѓе.