Од Специјалното јавно обвинителство, до Влада и Собрание е денешната на рута на Протестирам и Шарената револуција. На големото платно кое се носи на почетокот на колоната присутните испишаа „Ќе се чаталиме до слобода!“Со ова тие потсетија и на синоќешното приведување на возачот на комбето на револуцијата и запленувањето на работите кои стоеја во него, како бои, пластични пиштоли и ластиците за чаталот со кој се фрлаат балоните со боја кон спомениците и институциите.
Комбето и возачот познат под името Џовани, кој доцна ноќеска беше ослободен од полиција, беа дочекани со силен аплауз од присутните пред СЈО.
Протестите траат веќе осма седмица во Скопје, а повеќе од еден месец и во повеќе градови низ Македонија.
Погледнете ја галеријата во продолжение: