Овие бизарни визуелизации можеби изгледаат како магија на прв поглед, но тие се внимателно дело на шведскиот уметник Ерик Јохансон, кој ги уредува сликите за да создаде убави и чудни колажи.
„Јас ги создавам овие слики, со цел да ја најдам врската помеѓу два секојдневни предмети на неочекуван начин“, вели Јохансон.
„Тоа е поглед во некој друг свет, оној кој е многу сличен на нашиот, но само малку чуден и различен“, додава тој.
За да се изработи еден колаж е потребно од еден месец до половина година, но процесот почнува со едноставна скица на идеја која Јохансон ја добил од неговата имагинација преточена во чист хартија.