Скриени меѓу плевелот кој расте во пукнатините на тротоарите или во малите купишта ѓубре, уличниот уметник Slinkachu создава специфични улични интервенции на минијатурни луѓе кои живеат „ под нозете на минувачите“. Иако минијатурни, секоја од инсталациите е внимателно разработена и документирана со фотографија од авторот. Додека на прв поглед се забележува хумористичната природа на делата, сепак ова е начин на уметникот да допре многу пошироки идеи за животната средина, глобализацијата, како и културата на изолација во големите градови.