Благодарение на нова апликација, луѓе од сите страни на светот можат да дадат значителен придонес на хуманитарните и невладините организации кои се вклучени во спасувањето на бегалци во Средоземното Море.
I Sea е прв „краудсорсинг“ проект од ваков вид, и му овозможува на секого кој има паметен телефон да скенира сателитски слики од одреден дел од океанот за да најде чамци со мигранти кои се во опасност.
Апликацијата, која засега е достапна само на Епл Стор (верзијата за Андроид се уште се тестира), е соработка меѓу Станицата за помош на мигранти во вода, и сингапурската организација Grey for Good.
„Сакавме да ја искористиме технологијата за луѓе кои имаат слободно време да ги надгледуваат морињата, и сме нетрпеливи да помогнеме во бегалската криза“, вели Лоу Џун Џек, извршен и креативен директор во Grey for Good, за Mashable.
„Апликацијата опфаќа сателитска слика од морето и ја дели во илјадници помали површини. Секој дел е доделен на различен корисник. Можат да ја гледаат површината преку апликацијата, и да видат дали таму има брод во опасност“.
Доколку корисник забележи брод со мигранти, можат да го означат и да им јават на властите, кои ќе ја анализираат сликата и потоа ќе ја кажат локацијата за спасувачка мисија. Секоја површина има геолокациски податоци и координати со кои се идентификува.