Осмото издание на Бош фестивал ќе се одржи од 26 до 28 август на повеќе локации во Гевгелија. За трите фестивалски дена е предвидени бројни содржини (професионални и аматерски), како театарски претстави и перформанси, музика, поезија, филмови и видеоарт, изложби, работилници и други форми на интердисциплинарни и неконвенционални уметнички случувања, соопштија организаторите.
За оваа година фестивалот најави соработка со Астерфест и Факултетот за ликовна уметност од Скопје. Фестивалот го организира здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата – Арт Еквилибриум, Гевгелија. Целта е да се овозможи интердисциплинарни соработки, подобрување на локалната култура, влијателни поврзувања.
Сите настани на Бош фестивал воГевгелија остануваат бесплатни, достапни и отворени за посетителите.
Првото издание на Бош се случи во 2009 година, а во чест и сеќавање на прерано починатиот актер и поет, Бошко Бозаџиевски (1981-2008). Досега се одржаа седум изданија на фестивалот на кои учествуваа повеќе од 300 уметници.