Од 20 до 29 јуни ќе се одржи третото издание на Меѓународениот фестивал на комедијата „Гола месечина“.
Претставите ќе се играат на отворена сцена поставена во спортскиот центар „Ново Лисиче“, со почеток во 21:00 часот. Фестивалот го организира Општина Аеродром, во соработка со Театар Комедија и Министерството за култура. Настанот има натпреварувачки карактер, а тричлена жири-комисија ќе додели награди за најдобра машка и женска улога, за најдобра режија и најдобра претстава.
Влезот за сите претстави е бесплатен. Репертоарот погледнете го во продолжение:
20.06. (понеделник) АВТОБУСОТ од Станислав Стратиев во режија на Здравко Митков во продукција на Сатиричен театар „Алеко Константинов“ – Софија, Бугарија
21.06. (вторник) БАЛКАНСКИ ШПИОН ВО САРАЕВО од Душан Ковачевиќ во режија на Сулејман Кусуповиќ во продукција на Народен театар – Сараево, Босна и Херцеговина
23.06 (четврток) ХАМЛЕТ ОД ГОРНО ДУПЕНИ од Иво Брешан во режија на Кирил Петрески во продукција на Народен театар Војдан Чернодрински – Прилеп, Македонија
24.06. (петок) ЕЛИНГ од Сајмон Бент во режија на Марко Манојловиќ во продукција на Белградски драмски театар – Белград, Србија
26.06. (недела) ПАРЛАМЕНТАРКИ од Сашо Димоски во режија на Ненад Витанов во продукција на Центар за култура – Охрид, Македонија
27.06. (понеделник) ЖОРЖ ДАНДЕН од Молиер во режија на Драгослав Савиќ во продукција на Народен театар – Ниш, Србија
28.06. (вторник) МАКЕДОНСКА ПРИКАЗНА од Боњо Лунгов во режија на Боњо Лунгов во продукција на Театар за деца и младинци, Скопје, Македонија
29.06. (среда) НЕШТО ПРОПУШТАМЕ од Горјан Милошевски во режија на Бојан Трифуновски во продукција на Театар`Комедија, Скопје, Македонија.