Во рамки на Скопје викенд на гордоста (Skopje Pride Weekend 2016), вечерва во Кино Милениум, со почеток од 21 часот, ќе се одржи перформанс/предавање на Ваџинал Дејвис.
Изведбата-предавање е насловена „Сасафрас, Сајпрес и Индиго блек скрин имиџис и (е)мотивниот поим на фрикството“. Ваџинал Дејвис е меѓународно почитувана интерсексуална доајенка на интермедиумските уметности и науки. Иницијаторка е и на хомо-кор панкерското движење и родово-квир уметничка и музичка икона. Нејзините концептуални бендови, меѓу кои се и Pedro Muriel и Esther, Cholita! The Female Menudo и The Afro Sisters оставија трајно влијание врз развојот на андерграунд музиката.
Дејвис доследно одбива да ја ублажи конзервативната тактика во геј и црнечката политика преку панк музиката, измислени биографии, навреди, самоисмејување и постојан поттик на групен сексуален револт – сето тоа на прилично смешен и деструктивен начин, опишува настанот.