Националниот мадински совет на Македонија преку инфографик реагира за минималните средства кои Агенцијата за млади и спорт ги определила за Секторот млади во 2016 година.
Како што посочуваат од НМСМ, Агенцијата годинава одвоила само 0,26 отсто од вкупните средства. Со инфографикот насловен #ЗаМладитеМора, Националниот младински совет бара поголем буџет кој ќе биде наменет за младите. Тие потсетуваат и на делот од програмата на Агенцијата, во кој се вели дека:
„Секторот млади врши работи кои се однесуваат на сферите на интерес и потребите на младата популација во земјата и признавањето на улогата на младите во развојот на Република Македонија“.
Во продолжение, инфографикот што го подготви НМСМ: