Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување грантови за здруженија, неформални групи, коалиции и локални активистички јадра кои преку своите проекти ќе придонесат кон зајакнување и мобилизација на граѓаните за подобрување на демократските практики на локално и национално ниво.
Целта на овој конкурс е да обезбеди поддршка на организациите, неформалните групи и активистите во нивните напори за вклучување на граѓаните во процесот на носење одлуки, барањето отчетност од институциите и обезбедувањето граѓански одговор на опаѓачките демократски вредности во државата. Вкупниот фонд на средства за грантови е 100.000 американски долари (максималниот износ за проект е 10.000 амeрикански долари). Проектите треба да бидат реализирани во период од 6 до 8 месеци (од 1 август 2016 до 31 март 2017 година).
Со овој конкурс ќе се поддржат предлог-проекти кои се иновативни и ќе постигнат видливо влијание, и кои:
∙ ги промовираат вредностите на отворено општество;
∙ покажуваат посветеност кон вклучување на граѓаните и развиваат ефективни стратегии за ангажирање или мобилизирање на граѓаните;
∙ нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките;
∙ применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите;
∙ промовираат интегративен пристап со фокус на етникумите, родот и лицата со посебни потреби;
∙ обработуваат комплексни прашања поврзани со актуелните реформски и општествени состојби.
Проектите треба се однесуваат на прашања поврзани со: значајни локални теми; промовирање и заштита на човековите права; пристап до сервиси и услуги за ранливите групи граѓани; набљудување на регулаторните и контролните механизми; и отчетност во трошењето на јавните пари.
Апликацијата за пријавување на конкурсот е достапна на: http://www.fosm.mk/mk/