[Видео] „Отворете ја вратата, украдовте кутии“ – немири пред седиштето на СПУКМ

Студентски пленум упадна во седиштетот на СПУКМ, со цел да се соочи со претставниците на Парламентот кои насилно ја грабнаа гласачката кутија од Правниот факултет. Тие ја контактираа и полицијата поради нарушување на јавен ред и мир и насилство од страна на претставници на Парламентот.

Едно од видеата до кое дојде редакцијата на Радио МОФ покажува како претставнииц на Студентскиот парламент ги носат гласачките кутии кон Здравствениот дом до студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

Изборите за претседател на СПУКМ официјално завршија во 16 часот. Следете го во живо видео стримот на Фејсбук страницата на Радио МОФ: