Во рамки на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ , Општина Охрид го распиша годинашниот конкурс за наградата за најдобар расказ.
Право на учество има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Краен рок за доставување е 31 јули, а жири-комисијата ќе ги објави резултатите во дневниот печат најдоцна до 8 август годинава.
Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака „За конкурост за расказ“.
Наградата за најдобар расказ изнесува 30 000 денари, а ќе биде врачена на 13 август на манифестација „Вечер на Живко Чинго“.