„Приказната започнува пред 15 години со фотографија од мојот прозорец“, раскажува фотографот Душан Стојанчевиќ од Белград, кој ги прикажува светските метрополи преку капки вода.
Тој ја задржал оваа техника и фотографиите во тајност, а првпат се обидел да го направи тоа во Њујорк. Дел од фотографиите се на филм, додека останатите се дигитални, но е макро фотографска техника, без Фотошоп.
Ова за него претставува еден вид на уметност и вели дека има намера да прави слични фотографии кога ќе посети друго место низ светот. Во продолжение, дел од неговите фотографии.